Камион удри во пешак на патот Струмица-Владевци

од Берта Китинска
233 прегледи

Утрово околу 2.40 часот товарно возило управувано од жител од Радовиш удрило во негов сограѓанин, В.В. (69) во селото Владевци. Веста ја потврди портпаролката на СВР-Струмица, Хризантема Рендевска.

-Незгодата се случила на магистралниот пат А4, Струмица-Радовиш, на делот кој поминува низ селото Владевци. Полицијата по налог на јавен обвинител изврши увид, додаде Рендевска.

Повредениот радовишанец е пренесен во болницата во Струмица, каде е задржан на понатамошно лекување.

Слични содржини