„Камп Ноу“ ќе се вика „Spotify“?

од Vladimir Zorba

БАРСЕЛОНА е блиску до склучување спонзорски договор, според кој во следните три години треба да добие 280 милиони евра. Оваа сезона каталонскиот гигант добиваше 43 и пол милиони евра по сезона од неколку спонзори, а новиот спонзор и нуди 93 милиони евра годишно.

Нов спонзор е „Spotify“, кој покрај тоа што ќе ги спонзорира дресовите на првиот и женскиот тим, треба да добие и право за промена на името на стадионот. Барселона никогаш не го смени името на стадионот „Камп Ноуу“, а на дресовите беше без спонзори до 2006 година. Во тоа време, на дресовите стоеше натписот на УНИЦЕФ, а потоа и „Qatar Airways“ и „Rakuten“.

Директорите на „Spotify“ беа видени на дербито помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид (4:2) во неделата, а се очекува договорот меѓу клубот и новиот спонзор да биде објавен до крајот на оваа недела.

Слични содржини