Канје го обвини Тарантино дека му ја украл идејата за филмот „Django Unchained“

од Берта Китинска
216 прегледи

Раперот Канје Вест во последно време ги полни насловните страници на светските медиуми и не престанува да го привлекува вниманието на јавноста. Овој пат, по Евреите, Ким и Џорџ Флојд, на „тапет“ се најде и познатиот режисер Квентин Тарантино.

Во неодамнешното гостување на Pires Morgan Uncensored, Канје Вест изјави дека тој всушност дошол на идејата за блокбастерот „Django Unchained“ на тема ропство како концепт за неговото музичко видео.

“Идејата за Џанго им ја дадов на Џејми Фокс и Квентин Тарантино како инспирација за моето видео за Gold Digger. А потоа Тарантино го претвори во филм”, изјави раперот, мислејќи на неговиот хит од 2005 година, во кој се појави Џејми Фокс.

Слични содржини