Кан го избра најдобриот на сите времиња: „Далеку е пред Меси и Кристијано Роналдо“

од Vladimir Zorba
66 прегледи

Дебатата за најдобриот фудбалер на сите времиња во последните децении се сведе на прашањето – Лионел Меси или Кристијано Роналдо. Сепак, има и такви кои сметаат дека титулата не му припаѓа на ниту еден од нив. Меѓу нив е и легендарниот Оливер Кан.

Со оглед на континуитетот и долгата доминација на фудбалските терени, Лионел Меси и Кристијано Роналдо важат за најдобри играчи досега.

Сепак, Оливер Кан има поинакво мислење и смета дека еден човек бил далеку пред Аргентинецот и Португалецот.

Станува збор за славниот Роналдо Назарио да Лима, кој во само неколку врвни сезони успеа да остави неверојатен впечаток.

– За мене Роналдо беше далеку подобар од Меси и Кристијано. Сè уште го гледам како најкомплетниот играч досега. Бразилецот беше најдобриот играч што сум го видел – истакна во една прилика Кан.

Кога станува збор за најопасниот ривал со кој се соочил, прославениот голман го избра Пипо Инзаги.

– Роналдо беше најдобар, но најмногу ме нервираше Инзаги. Сигурно не е на тоа ниво, но секогаш ми даваше голови. Секогаш – изјави Кан пред неколку години.

Слични содржини