181
Извршниот директор на Баерн (Минхен), Оливер Кан го сподели своето мислење за можниот трансфер на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо кај Баварците.
„Навистина ми се допаѓа Роналдо, кој е фантастичен играч. Но, секој клуб има своја филозофија и не сум сигурен дека доведувањето на Роналдо сега би бил вистинскиот сигнал за Баерн и за целата Бундеслига. Таквиот потег не се совпаѓа со нашите идеи“, изјави Кан за „Билд“.
37-годишниот напаѓач пропушти неколку тренинзи на Јунајтед и исто така не отпатува со тимот за претсезонскиот тренинг камп во Тајланд.
Португалецот минатата сезона одигра 37 натпревари за „црвените ѓаволи“, постигнувајќи 24 гола и 3 асистенции. Неговиот договор со клубот истекува во летото 2023 година.