Кан се обидува да го купи Бордо, паднатиот гигант одбил понуда од 30 милиони евра

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Легендарниот германски голман Оливер Кан наскоро би можел да стане сопственик на клуб, а тоа е француски гигант Бордо.

Кан, пренесуваат француските медиуми, до челниците на Бордо упатил понуда од 30 милиони евра, која била одбиена, но преговорите ќе продолжат.

Наводно, сегашниот сопственик на „жирондинците“, Жерар Лопез, ја одбил понудата бидејќи дошла „без доказ за пари“, објави RMC Sport.

„Долго време сме во интензивни преговори со сопствениците и акционерите за потенцијално купување на удел во клубот. Ситуацијата е многу комплицирана, но го направивме првиот чекор со понуда од 30 милиони евра. Целта е да го вратиме клубот во првата лига во следните неколку години. Се сметаме себеси за дел од решението и сигурен сум дека можеме да го најдеме“, рече Кан, кој се обидува да ја склучи целата зделка со помош на неговиот деловен партнер Жак-Анри Ејро, поранешниот претседател на Марсеј.

Кан е надвор од терените од април 2023 година, откако го напушти Баерн Минхен кога беше отпуштен од функцијата генерален директор, а неговото влегување во Бордо секако би било големо изненадување со оглед на тоа што француските гиганти по банкротот се натпреваруваат во аматерската 4-та лига.

По 24 кола од својата 4. лигашка група, Бордо е на третото место со 39 освоени бодови, шест помалку од лидерот Сен Мало.

Главна ѕвезда на некогаш славниот тим е англискиот напаѓач Енди Керол, кој во четвртата лига постигна 10 гола на 15 натпревари.

Бордо шест пати беше шампион на Франција, последен пат во 2009 година, а испадна од елитното друштво во 2021 година.

За Бордо, меѓу другите, играа одлични асови како Ален Жире, Жан Тигана, Кристоф Дугари, Педро Паулета, а секако најголемото име е Зинедин Зидан.

Слични содржини