267
Влегувањето во Канада ќе им биде дозволено само на канадските граѓани и оние со престој во земјата, објави премиерот Џастин Трудо.
Ова е последно во низата мерки за борба против епидемијата на коронавирус.
Мерката се спроведува од среда, а авиокомпаниите ќе бараат од патниците да ги покажат резултатите од прегледот, односно да кажат какви симптоми имаат.
„Ако сте во странство, време е да се вратите во матичната земја“, рече канадскиот премиер во своето обраќање.
Инаку, тој е во изолација бидејќи неговата сопруга е позитивна на коронавирусот.