Канада прва официјално ги ратификуваше протоколите за пристапување на Финска и Шведска во НАТО

од Stefanija Kuzmanovska
170 прегледи

Во вторникот, Канада стана првата држава која официјално ги ратификуваше протоколите за пристапување на Финска и Шведска во НАТО, како дел од забрзаниот процес што заврши откако членките го поддржаа проширувањето на Алијансата.

Членовите на канадскиот парламент во јуни гласаа едногласно за поддршка на членството на Финска и Шведска. Пред да го заврши административниот процес за ратификација на протоколот, канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли разговарала со пратениците од опозицијата за да се увери дека се согласуваат, изјави нејзиниот портпарол, пренесува „Гласот на Америка“.

Земјите-членки на НАТО во вторникот потпишаа протоколи за пристапување на Финска и Шведска во тој воен сојуз.

Слични содржини