Канада: Три лица тешко повредени во пукање во трговски центар

од Stefanija Kuzmanovska

Три лица се тешко повредени во пукање во трговски центар во Едмонтон, главниот град на канадската провинција Алберта, соопшти денеска локалната полиција.

Жртвите се однесени во болница, а трговскиот центар Западен Едмонтон моментално е затворен. Деталите за пукањето и мотивот се уште не се познати, пренесува АП.

На веб-страницата на трговскиот центар Вест Едмонтон стои дека има повеќе од 800 продавници, а годишно го посетуваат околу 30,8 милиони луѓе.

Слични содржини