Канада воведува контрамерки на царините на Трамп

од Vladimir Zorba
12 прегледи

Канадската влада најави дека ќе одговори на американските царини од 25 отсто за увоз на челик и алуминиум, кои стапија на сила утрово.

Министерот Доминик Лебланк најави дека од утре во 12:01 часот по локално време, Канада ќе воведе реципрочна царина од 25 отсто на дополнителни 29,8 милијарди канадски долари увоз од САД.

Канада е најголемиот странски снабдувач на челик и алуминиум во САД.

Потсетиме дека Трамп вчера се откажа од најавеното удвојување на тарифите до 50% за канадскиот алуминиум и челик, откако канадската провинција Онтарио ја суспендираше својата одлука да воведе давачка за електрична енергија за САД.

Слични содржини