Канадска компанија тврди: Пронајдовме лек за коронавирусот, го направивме за 20 дена

од Stefanija Kuzmanovska
246 прегледи

Компанијата „Медикаго“ од Канада тврди дека го пронашла лекот за коронавирусот, кој досега усмрти повеќе од 4.000 лица и зарази повеќе од 130.000 луѓе, пренесува Си-ти-ви Њуз.

Како што се наведува, тие ја направиле вакцината за само 20 дена по што добиле генетската секвенца на вирусот, користејќи уникатна технологија и се надеваат дека наскоро ќе можат да ја достават до надлежните органи за тестирање и одобрување.

Главниот извршен директор изјавил дека компанијата може да направи 10 милиони вакцини месечно, додавајќи дека доколку се испочитуваат сите регулативи, вакцината би била достапна во ноември.

Иако „Медикаго“ не е единствената лабораторија која тврди дека го пронашла лекот, оттаму откриваат дека уникатниот метод што го користеле за да дојдат до вакцината е далеку посигурен.

Како дојдоа до вакцината?

Оттаму велат дека тие успеале брзо да ја развијат вакцината затоа што користеле билки, а не кокошкини јајца како „биореактор“ за одгледување протеини за вакцината против коронавирусот.

„Медикаго“ не работи со жив вирус, туку научниците вметнуваат генетска секвенца во вид бактерии, кои потоа ги преземаат билките и на тој начин се добива протеин за вакцината.

Доколку вирусот мутира, како што обично се очекува, во тој случај потребно е само да се „ажурира“ производството со користење на нови билки. Тоа е разликата помеѓу оваа метода и методата врз основа на кокошкини јајца.

Процедура за вакцини

Новите лекови и вакцини обично мораат да поминат низ ригорозен систем на клинички тестирања. Во првата фаза, лекот се тестира на мала група за да се утврди неговата безбедност, втората фаза вклучува истражување колку е ефикасна вакцината во поголема група, а во третата фаза се користи таа поголема група и се следат ефектите на вакцината.