Канал 77: Агенцијата се обидува да спречи отварање на независна телевизија

од desk3
108 прегледи

Објавувањето на намерата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги за покренување на иницијатива која би довела до одземање на дозволата за Канал 77 е со цел да ги спречи плановите за отворање на нова независна телевизија.

zgrada_kanal77

Имено, ГБЦ Комуникации, основачот на Канал 77, на 13-ти јули 1995 година поднесено барање за распишување на конкурс за национална телевизија преку DVBT ОNE до Агенцијата за аудуио и аудиовизуелни медиуски услуги на РМ. Неколку дена по поднесување на ова барање, Агенцијата покрена иницијатива за медиумска концентрација на ТРД Радио Канал 77, што е очигледна намера да го успори процесот и да се добие на време. Дополнително влијае и големиот интерес на про-владините телевизии да останат сами во етерот во страв од вистинска конкуренција на независна телевизија со вклучен странски инвеститор.

За истата ова состојба ГБЦ Комуникации и претходно беше проверувана и обвинувана во 2013 година и овој процес се заврши на Управен суд без епилог.

Во целата оваа наметната и исценирана ситуација жалното е тоа што овие иницијативи се покренуваат без никаква правна основа и без правилно правно толкување, односно се користи само лаичко интрепетирање на законите, а ние сме принудени да бидеме повикани на одговорност за нешто што не постои.

ГБЦ Комуникации е основач на ТРД Радио Канал 77, а ке биде основач и на новата национална ТВ, за што ги исполнува сите законски услови.

Вршење притисок врз медиумот и “вежбањето” држава и власт врз Радио Канал 77 ги надминува сите граници на хумано и демократско однесување.

Интегрален текст