Канал 77 протестира: Легална озаконета корупција ќе биде новото делење на владините реклами!

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Радио Канал 77 нема да присуствува на закажаниот работен состанок на покана од Министерството за информатичко општество и администрација, во врска со експресната јавна расправа за Законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институци, соопшти Радиото.

Радио Канал 77 не се согласува Владата на РМ дирекно да влијае врз пазарот на реклами со што преку маркетинг агенција, која таа ќе ја избере ќе одредува висина за CPP (Cost-Per-Rating-Point).

„Ќе бара извештаи од приходи од спонзорства и донации од медиумите за да одбива финансирање од владини реклами. Има и други небулози кои што директно ќе се одразат на севкупниот медиумски пазар и во иднина ова може да биде репер на сите огласувачи за економски маркетинг. Ќе се прави истражување на пазарот без можност за проверка на методологијата на истражувачките организации. Уште пострашно е што овој Закон е за распределба на пари над 100.000 евра, а додека малите финансирања кои се во огромен број од јавните претпријатије и општините, повторно лебдат во етерот во Македонија. И како конечна цел, директна легална корупција на медиумите кои што можат да бидат избрани од маркетинг агенција или нема да бидат избрани, ќе ги озакони сите девијантни дејствија и ќе ги загуши сите слободни медиуми и се ќе биде по Закон“, се наведува во соопштението на Канал 77.

Слични содржини