Кандидатите на мегдан, почнува изборната кампања

од Берта Китинска
214 прегледи

Политичките партии од денеска ја стартуваат предизборната кампања за 7-мите по ред локални избори чиј прв круг е закажан на 17-ти, а вториот на 31 октомври.

СДСМ кампањата ја започнува од Битола, ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, ДУИ од Гостивар, Беса во Скопје.

ВМРО ДПМНЕ на овие локални избори оди со 62 кандидати, СДСМ пред граѓаните ќе се претстави со 68 кандидати, ДУИ во 19 општини, Алијанса и Алтернатива со 15 кандидатури, а како независни поддржани од група граѓани одат 26 кандидати.

Според избирачкиот список кој ДИК го затвори во петокот право на глас на овие избори имаат 1 824 864 граѓани.

Изборната кампањата за локалните избори закажани за 17 октомври ќе трае 20 дена. Вториот круг на изборите, пак ќе се одржи на 31 октомври. Државната изборна комисија за овие избори утврди 303 кандидатури за градоначалници и 567 листи за советници. На овие избори за прв пат ќе биде применето гласање со отпечаток од прст, за што веќе се набавени терминалите.

Слични содржини