Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Гази Баба е сенка на Заев од минатото, велат од „Белата палата“

од Nikola Popovski
75 прегледи

„Изборот на Венко Филипче, Влатко Митовски да биде кандидат за градоначалник на општина Гази Баба од СДС е доказ дека СДС е партија којашто е заглавена во минатото. Тоа е показател дека СДС продолжува да нуди стари и истрошени кадри кои се верна сенка на Заев и продолжение на неговите политики“, велат од ВМРО-ДПМНЕ за предложениот кандидат на „Бихаќка“ за градоначалник на скопската општина.

Според најголемата владеачка партија, наместо свежи кадри со кредибилитет и професионалност, СДСМ нуди кадри, како што велат, кои се синоним за корупција, криминал, неработење и скандали.

-Влатко Митовски не е ново лице тој е само верна сенка на Георгиевски, човек кој беше дел од сите погрешни политики кои ја уназадија општината. Граѓаните не забораваат на секојдневните скандали од минатото, на корупцијата и криминалот, каде интересите на граѓаните беа на последно место а фокус беа интересите на челниците од СДС. За разлика од времето на СДС, денес Гази Баба е вистинско градилиште каде интересите на граѓаните се секогаш на прво место. Денес во Гази Баба се реализираат проекти во секое населено место се градат улици, училишта, градинки, спортски терени, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Митовски е претседател на општинската организација на СДСМ во Гази Баба и поранешен директор на ЈКП „Гази Баба – 2007“.

Слични содржини