Сенаторот од Охајо, Џеј Ди Венс, кој во понеделникот беше номиниран како кандидат од Републиканската партија за потпретседател на САД, го обвинил американскиот претседател Џозеф Бајден дека му прави се „потешко и потешко“ на Израел да го победи Хамас, тврдејќи дека неговата политика непотребно ја продолжува војната и ги спречува израелско-саудиско зближување, пишува „Тајмс оф Израел“.
Венс истакнал дека Израел треба да победи и да ја прекине војната во Газа „што е можно поскоро“ за да им овозможи на „Израелците и сунитските арапски држави“ да формираат обединет фронт против Иран, пишува порталот на израелскиот весник.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во понеделникот го именуваше Венс за свој потпретседател на републиканската национална конвенција во Милвоки, каде што самиот Трамп беше официјално номиниран за кандидат на партијата за претседател на САД на изборите во ноември.