Ким Кардашијан очајно сака да роди уште едно дете. Ѕвездата е опсесивна на темата и смета дека тоа ќе ја зближи со нејзиниот сопруг Кание Вест, со кого од неодамна имаат сериозни противречности, пишува RadarOnline.
“Ким е во тешка депресија од фактот дека не забременува повторно. Единствено што сака е да го зголеми своето семејство и да им подари на Норт и Сент брат “, откри извор за медиумот.
Претходните бремености на бринетата беа ризични и дури и лекарите ја предупредија по првото дете, дека може да нема второ.
Сите драми со плодноста на Ким и забременувањето беа документирани во семејното риалити шоу KUWTK. Овој пат гледачите стануваат сведоци на дежаву, но според запознаени причината Кардашијан да не забремени не е здравјето, туку е вкоренета во неподготвеноста на нејзиниот сопруг да ја оплоди.
“И покрај скорешниот егзотичен одмор, меѓу нив работите не се сосема во ред. Кание речиси не се прибира во текот на денот и двајцата поминуваат многу малку време заедно. Ким мисли само за бебе, а тој се повлекува и така се зголемува растојанието меѓу нив “, додаде човек од блискиот круг на ѕвездените сопружници.