Канје Вест ги предаде документите за развод од Ким Кардашијан

од Stefanija Kuzmanovska

Контроверзниот рапер Канје Вест поднесе документи за развод од сопругата Ким Кардашијан, два месеци откако старлетата го стори тоа.

Иако се шпекулираше дека раперот не сака да се разведе од сопругата Ким, која во февруари поднесе барање за развод, тој сепак со својот потег ги демантираше објавите.

Според правниот одговор, кој го доставил неговиот адвокат, раперот бара од сопругата заедничко старателство над децата, ќерките Норт и Чикаго и синовите Сент и Псалм.

Сепак, како што е наведено во документите, тоа не значи дека тој ќе го дели старателството со својата сопруга, туку ријалити sвездата би бил примарен старател, што не е изненадувачки поради минатото на раперот и проблемите со алкохолот, кои тој и самиот ги има потврдено.

Како и Ким, ниту Канје не бара алиментација, а исто така се согласија секој да ги плаќа своите правни трошоци во бракоразводна парница.

Да потсетиме, пред да стапат во брак, тие потпишаа предбрачен договор, така што тоа ќе влијае на распределбата на имотот. Иако тие изјавија дека се разведуваат поради непомирливи разлики, тие не го наведоа точниот датум на разделба.

Слични содржини