Канје Вест во саботата вечерта уживаше во романтична вечера со сопругата Бјанка Ценсори во холивудскиот ресторан Cecconi‘s.
Според „Дејли Мејл“, русокосата ги покажала своите бујни гради во многу тесен спортски градник и тесни сиви хеланки. Познатиот рапер носеше црн џемпер и црна кожна јакна.
За потсетување, Бјанка е вработена во брендот Yeezy на Вест откако ѝ се приклучи на компанијата во ноември 2020 година. Таа е наведена како шеф на архитектурата, позиција која ја обезбеди откако наводно магистрирала дизајн на Универзитетот во Мелбурн во Австралија.
Според пријателите на младата убавица, Бјанка е елегантна и паметна девојка која сè уште била студентка кога Канје ѝ ја понудил работата.