Канје Вест најави предизборен митинг

од Vladimir Zorba
269 прегледи

Откако ја објави својата кандидатура за претседател на САД пред две недели, раперот Канје Вест ќе го одржи првиот предизборен митинг во Јужна Каролина, јавуваат американските медиуми.

Имено, најавениот настан ќе се одржи во северниот дел на Чарлстон, а само избрани гости можат да присуствуваат на настанот, пренесува „ABC News“.

Според копија на поканата во сопственост на таа ТВ-станица, сите гости ќе треба да ја потпишат „Ковид-19“ документ, да држат физичко растојание и да носат заштитни маски во обид да ја потиснат заразата.

Исто така, раперот објави дека собира потписи за да може да се појави на гласачкото ливче во Јужна Каролина.