Канје Вест нескромно верува дека ќе стане претседател на САД

од desk4
220 прегледи

Американскиот рапер повторно се враќа на една од своите најлегендарни изјави – дека еден ден ќе стане претседател на САД.

Во емисијата на „Епл мјузик“, пред излегувањето на новиот албум, Канје зборувал на многу теми, вклучувајќи ја и политиката.

Тој признал дека со поддршката на републиканците сакал да ги нервира демократите, но и е уверен дека во иднина ќе влезе во Белата куќа.

„Ќе дојде тој ден кога јас ќе бидам претседател на САД“, повторил тој.

Претходно често изјавуваше дека ќе се кандидира за изборите во 2020 година, за да може да биде „поинаков претседател“.

Слични содржини