Канје Вест порача: „White Lives Matter“ и облече маица со ликот на папата (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Канје Вест во понеделникот повторно се најде во центарот на вниманието на американските медиуми на ревијата и промоцијата на неговата колекција „YZY SZN 9“, овој пат за необичен моден избор.

Имено, Канје Вест се појави во црна маица на која на задната страна имаше натпис „White Lives Matter“, а на предниот дел ликот на поранешниот папа Јован Павле Втори.

Неколку манекенки на ревијата носеа различни верзии на истиот дизајн, а на социјалните мрежи беше откриено дека познатиот конзервативен политички коментатор дошол на ревијата облечен во иста кошула, само во бела боја.

Фразата „White Lives Matter“ беше измислена како одговор на движењето „Black Lives Matter“.

Слични содржини