Канје Вест: Повеќе не го поддржувам Трамп, слушнав се криел во бункер

од Vladimir Zorba

Американскиот рапер Канје Вест изјави дека не му се допаѓа тоа дека Доналд Трамп се криел во бункер за време на расните немири и дека ја изгубил довербата во американскиот претседател.

Тој веќе ја објави својата кандидатура за претседател на САД.

„Се ми изгледа како еден голем хаос“, изјави раперот.

„Не ми се допаѓа фактот што слушнав дека се криел во бункер“, посочува Вест во врска со тврдењата дека претседателот на САД кратко бил префрлен во подземен бункер за време на расните немири.

Тој рече дека нема проблем со идејата дека неговото учество на изборите може потенцијално да ги одземе гласовите на демократскиот кандидат Џо Бајден и да помогне во реизборот на Трамп.

Вест објасни дека расизам е кога се вели дека сите црнци мора да бидат демократи. Како што рече, „на Америка и се потребни специјални луѓе за да ја водат“, а Бајден „не е специјален“.

Запрашан за неговата програма за надворешна политика, тој вели дека сè уште не ја развил. „Јас сум фокусиран најпрво на заштитата на Америка, со нашата голема армија. Да се ​​фокусираме прво на себеси“, рече Вест.

Тој изјави дека го пропуштил рокот за аплицирање за кандидатура, затоа што тој во февруари прележал Ковид 19, иако не е јасно дали Вест воопшто бил тестиран за вирус или антитела.

Тој исто така рече дека се молел за лекот, иако бил „исклучително претпазлив“ за можноста вакцинацијата да го сопре Ковид 19.

„Тоа е белег на ѕверот. Тие сакаат да стават чипови во нас, сакаат да прават различни работи“, рече Вест.

Слични содржини