Кансело: Сити е фаворит за освојување на Лигата на шампионите

од Vladimir Zorba

Португалскиот фудбалски репрезентативец Жоао Кансело денеска изјави дека Манчестер Сити е фаворит за освојување на Лигата на шампионите, пренесе Газета дело Спорт.

Кансело (29) е член на Манчестер Сити, но моментално игра како позајмен во Барселона.

„Манчестер Сити е фаворит за освојување на Лигата на шампионите. Мислам дека тие се фаворити поради тимот, стилот на игра, менаџерот. Сигурен сум дека можат двапати по ред да ја освојат Лигата на шампионите“, изјави Португалецот.

Слични содржини