По долго боледување од Алцхајмеровата болест почина американскиот пејач Глен Кембел.
За време на ѕвездената кариера тој бил на сцената со Реј Чарлс, Џони Кеш, Том Џонс и уште многу музичари.
Во 2015 тој доби номинација за најдобра песна на филм на наградите “Оскар”. „I’m not gonna miss you“ на Кембел ги освои срцата на љубителите на неговата музика од целиот свет. Таа влезе во документарниот филм за животот и кариерата на легендарниот изведувач.
Омилениот музичар, водител и ѕвезд на Америка уште тогаш не ги разбираше случувањата околу него поради болеста.
“Не сум сигурна дека Глен знае за номинацијата поради брзиот развој на болеста”, призна тогаш неговата сопруга Ким.
Во јуни беше издаден и последниот албум на Кембел – тој ги достигна врвовите на музичките листи за кантри музика од 60-тите години на минатиот век. Последниот албум го носи името Adios.