Канцелариска облека за жештините

од Vladimir Zorba
69 прегледи

Додека некои компании имаат “фристајл петок”, други би прифатиле блага варијација во дрескодот секој ден од неделата во текот на летните месеци. Добратa вест е дека има начин како да сте стилски облечене и да емитувате професионализам, а истовремено не се топите во сопствен сос.

Еве и неколку предлози за горештините кои ќе ви помогнат да не ја преминете границата и да изгледате како да сте тргнале за плажа:

Ако сте се упатиле на интервју за работа или на бизнис средба со луѓе кои не сте ги виделе, може мирно да го прашате човекот што ја средил средбата, каков е дрескодот со зборовите: “Би ми кажале ли каков е вашиот канцелариски стил, за да се облечам соодветно за средбата? ”

Нема да изгледате смешни и неподготвени, туку токму спротивното. Не се грижете!

Скријте го црното и обложете се на белата боја. И двете бои се класични и елегантни, само што црното привлекува топлина. За да не сте премногу стерилни, може да додадете некој додаток.

Во случај да сакате да се обложите на некоја пократка облека, гледајте должината на здолништето или панталоните да не се качува над коленото, бидејќи веќе станува несоодветно за канцелариска облека. Обложете се на памук, трико или свила, но во никој случај на транспарентни материјали.

Избегнувајте многу кратки здолништа, длабоки деколтеа, високи потпетици и друга облека која е премногу секси и провокативна.

Папучите добиваат цврсто НЕ. Подобро ставете некакви еспадрили или затворени чевли на рамен ѓон. Ако сепак прстите ви се гледаат, ноктите треба да се добро лакирани – не само на рацете, туку и на нозете.

Дами, не претерувајте со шминката! Не само што тешката шминка ги запушува порите и се растекува лесно, но и ве остарува. Освен тоа дневната шминка како целина не само во канцеларијата, туку и надвор од неа, треба да е максимално лесна и чиста.

И не на последно место фризурата – избегнувајте ги сложените фризури кои бараат многу фиби, лак, шнолки со панделки, итн. Не одите на бал, ниту имате 15 години!