Капело го презема Арсенал од летото?

од Vladimir Zorba

Поранешниот селектор на Англија, Фабио Капело се појави како потенцијален наследник на Арсен Венгер на чело на Арсенал од следната сезона, тврди електронското издание „Фудбал Италија“, кое се повикува на свои сигурни извори.

Тоа би бил доста чуден избор од страна на раководството, бидејќи првично „топџиите“ имаа како идеја наследникот на Французинот да биде помлад и поперспективен специјалист.

Дон Фабио, кој во моментов има 71 година, беше на чело на националниот тим на Англија во текот на пет години – помеѓу 2007 и 2012 година.

Покрај тоа, тој има долгогодишно искуство од престојот во Милан, Реал Мадрид, Рома, Јувентус и репрезентацијата на Русија.

Карло Анчелоти и Томас Тухел се другите две опции за функцијата.

Капело инаку беше на чело на кинескиот Џиангсу Сунинг до денес, но неговиот договор е прекинат

Слични содржини