Легендарниот италијански тренер од блиското минато, Фабио Капело не штедеше критики за Пеп Гвардиола, кој минува низ голема резултатска криза со Манчестер Сити.
„Гвардиола е одличен тренер, но многу арогантен и претенциозен. Понекогаш дури и губеше трофеи затоа што сакаше да покаже дека тој ги освојува, а не играчите и за таа цел ги исклучуваше клучните играчи на големите натпревари. Според мене ова е да го одврати вниманието и да ги одземе заслугите од неговиот тим“, изјави Капело пред микрофоните на Sky Sport Italia.
Капело не му остана должен на голманот на Сити, Едерсон, квалификувајќи го како „катастрофа“.
Неговото мислење за Едерсон го поддржа и поранешниот италијански напаѓач Паоло Ди Канио. „Едерсон има талент, но е толку арогантен што греши само од преголема самодоверба и желба да се покаже“, изјави поранешниот играч на Лацио.
Капело (78) последен пат работеше во Кина во сезоната 2017-2018. Тој ја освои Лигата на шампионите со Милан во 1994 година и има четири титули со „росонерите“, еднаш со Рома и двапати со Реал Мадрид.