„Капетанот Кирк“ навистина ќе полета во вселената

од Nikola Popovski

Од компанијата BLUE ORIGIN денес официјално потврдија дека актерот Вилијам Шатнер ќе замине во вселената со следното полетување на ракетата Blue Origin на основачот на Amazon, Џеф Безос, пренесува „Daily Mail“. Патувањето е закажано за 12 октомври.

90-годишниот актер, најпознат по улогата на капетан „Џејмс Кирк“ во серијата „Ѕвездени патеки“, на тој начин ќе стане најстариот патник во вселената. Покрај Шатнер, во екипажот ќе бидат Одри Пауерс, потпретседателка на Blue Origin, Крис Бошуизен и Глен де Врис.

-Слушам за универзумот многу долго. Ќе ја искористам можноста да го посетам лично. Какво чудо, рече актерот во изјава за странските медиуми.

Пред Шатнер, најстариот патник во вселената беше 82-годишната Воли Фанк, а пред неа, најстариот летач во вселената беше 77-годишниот Американец Џон Глен.

 

Слични содржини