Капитенот на Наполи се повреди пред важниот дуел со Барса

од Vladimir Zorba

Наполи е во голема неволја пред тешкото гостување кај Барселона во Лигата на шампионите во возвратниот натпревар од осминафиналето (прв натпревар 1: 1).

Клубот од подножјето на Везув објави дека капитенот Лоренцо Инсиње доживеал повреда на бутниот мускул на натпреварот против Лацио и дека е во прашање неговиот настап против Каталонците.

Наполи не изјави колку долго Инсиње ќе биде аут од теренот, туку само дека неговата состојба ќе се следи секојдневно.

Малиот крилен играч има постигнато 12 голови и осум асистенции во сите натпреварувања оваа сезона.

Натпреварот Барселона – Наполи е закажан за 8 август, а победникот ќе влезе во четвртфиналето.

Завршниот турнир во Лигата на шампионите ќе се одигра во Лисабон.

Слични содржини