Капитенската лента создава нова тензија во Јунајтед

од Vladimir Zorba
358 прегледи

Уште еден внатрешен проблем создава тензија во и онака „раздрманата“ екипа на Манчестер Јунајтед.

Според „Мирор“, овој пат причина е капитенската лента. Изданието тврди дека привремениот менаџер на тимот Ралф Рангник разговарал со актуелниот капитен Хари Мегваер и големата ѕвезда Кристијано Роналдо, кој несомнено е најискусниот играч на „црвените ѓаволи“. Германецот има намера да му ја даде лентата на CR7 и со тоа да ја ослободи тензијата од рамениците на Мегваер, кој веќе е во прилично лоша форма од почетокот на сезоната.

Планот е тоа да се случи до крајот на сезоната, но најскапиот дефанзивец не се согласува, бидејќи стравува дека доколку сега се донесе ваква привремена одлука, може трајно да ја загуби лентата. Мегваер е незадоволен што неговото влијание во соблекувалната по доаѓањето на 37-годишната суперѕвезда опаѓа и младите играчи го слушаат само Роналдо.

Самиот Рангник постојано зборува за тоа дека Португалецот треба да биде пример за своите млади колеги. На некои од играчите им е непријатно оваа ситуација бидејќи сакаат да му останат верни на Мегваер, но во исто време не можат а да не го земат предвид огромното влијание што Роналдо го има врз нив.

Се вели дека позицијата на Роналдо е сосема коректна за Мегваер бидејќи тој ги повикал играчите да го поддржат и да го слушаат својот капитен. Сепак, Рангник смета дека менторската улога на Португалецот треба да биде официјално поддржана од лентата.

Вакво е чувството и во соблекувалната на 20-кратните шампиони.

Слични содржини