475
Откако толпата на негови приврзаници упаднаа во Капитол оваа среда, Доналд Трамп брзо се огласи на социјалните мрежи (каде наскоро му беше забранет пристап), а истото го стори и неговата ќерка Иванка. Сепак, Меланија молчеше.
Многумина се прашуваа каде била сопругата на Трамп за време на немирите, а Си-Ен-Ен дознава дека таа организирала фотосесија во Белата куќа во тоа време.
„Снимаа теписи и други работи во резиденцијата на претседателот и источното крило“, навел нивниот извор.
Додека бројни медиуми и јавноста се прашуваат дали Меланија ќе се огласи во врска со упадот во Капитол, извор од Белата куќа за Си-Ен-Ен изјавил дека нема да има ништо такво.
„Таа повеќе не е психички ниту емоционално подготвена да се вклучи во тоа“, изјавил тој.