Караџиќ ќе побара да ја издржува казната во Србија

од desk2
111 прегледи

Најправедно би било Радован Караџиќ да ја издржи казната во Србија, изјави шефот на одбраната на истражен тим на поранешниот претседател на Република Српска (РС) и сегашниот претседател на Организацијата на ветерани на РС, Миломир Савчиќ по враќањето од Хаг.

,,Знаеме дека до оваа цел не е лесно ниту едноставно да се дојде, но ние изричито тоа ќе го бараме во Обединетите нации, кај генералниот секретар”, рече тој.

Савчиќ додаде дека со оглед на та дека пресудата на доживотен затвор е потешка од претходната, јасно е дека ќе биде поднесена жалба и дека таа веќе се подготвува.