Караџовски: Ако некој мислеше дека 35 до 40 степени ќе го уништат вирусот, тогаш многу греши

од Nikola Popovski
237 прегледи

За обвинувањата од страна на опозицијата дека треба да си поднесе оставка, претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски за емисијата „Само интервју“ изјави дека стручната фела треба да се остави настрана.

„Докторите треба да ја работат медицината, а политичарите политиката. Нашата идеологија е епидемиологија. Со тоа се сум кажал. Секој експерт во државата е добредојден да ги каже своите стручни мислења, но тоа да биде стручно и издржано“, вели Караџовски.

Според него, многу е тешо да се каже за епидемијата како ќе оди и во кои размери.

„Вирусот се шири подеднакво добро и на топло и на ладно време, а особено во зима преку загадениот воздух и влажната клима. Ако некој мислеше дека 35 до 40 степени ќе го уништат вирусот, тогаш многу грешат. Народот се распушти, се олабави, престана да верува во некои мерки и на сето тоа додадете ги журките, родендените, концертите, дружбите без дистанца и без маски“, потенцира Караџовски.

Слични содржини