Караџовски: Подновена е Комисијата за заразни болести, ние не работиме за пари и имиџ

од Nikola Popovski

„Министерот за здравство формира нова Комисија за заразни болести и надзор на заразните болести. Дел од овие членови заминаа во пензија откако направиле 67 години, дел од нив се заменети од тие институции од каде се дојдени“, вели претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски за емисијата „Само интервју“.

Според него, од вчера е „подновена“ Комисијата, која сега брои 17 членови од повеќе институции.

„Епидемиолози, инфектолози, претставници на Министерството за здравство, од Агенцијата за храна и ветерина, сите тие се дел од Комисијата за заразни болести. Ние му даваме совети и препораки на Филипче, кој што тој ги предава на Главниот кризен штаб и Владата“, рече Караџовски, кој додаде дека тие работат про-боно, односно дека парите и имиџот не ги интересираат.

„Не ми треба да градам имиџ после 30 години“, соопшти тој.

Слични содржини