Карагер: Ливерпул треба да ја освежи напаѓачката тројка

од Vladimir Zorba
392 прегледи

На Ливерпул му треба задолжително освежување на напаѓачката тројка поради речиси сигурното заминување на Садио Мане, изјави поранешниот дефанзивец на тимот и аналитичар на Sky Sports, Џејми Карагер.

„Црвените“ се на пат да го привлечат Дарвин Нуњез од Бенфика со рекорден трансфер во историјата на клубот, а Уругваецот треба да го замени Садио Мане.

И додека Карагер го споделува своето разочарување што напаѓачкото трио од најсилните години се распаѓа, тој признава дека е време да се подмлади.

„Ливерпул под водство на Јирген Клоп обично ги привлекува вистинските играчи и тоа особено важи за скапите трансфери. Ова им се случи и на Вирџил ван Дајк и на Алисон Бекер, кои прават разлика“, рече тој во анализата за Скај Спорт.

„На Ливерпул навистина му треба освежување на напаѓачката тројка, која игра фантастично во последните четири-пет години. Штета е да се гледа како се распаѓа, но сето тоа завршува порано или подоцна. Се чини дека Садио Мане заминува, а Ливерпул мораше да направи нешто. Како одамна да знаат што им треба. Мислам дека од следната сезона напаѓачката тројка ќе биде Салах, Нуњез и Дијаз лево“.

Слични содржини