Карагер плукна во лице 14-годишна навивачка на Јунајтед, потоа се извинуваше

од Vladimir Zorba
197 прегледи

Легендата на Ливерпул, Џејми Карагер го удри дното откако јавно плукна во лице 14-годишна навивачка на Манчестер Јунајтед.

Ова се случи по дербито меѓу најголемите англиски клубови во текот на викендот, освоено од „црвените ѓаволи“ со 2:1. Очигледно нервите на поранешниот дефанзивец не издржаа и тој даде ги изрази емоциите по прилично грд начин.

Актуелниот аналитичар е снимен како го отвора страничниот прозорец на возилото за време на движење и плука во лицето на девојката.

„Се однесував лошо и веќе се извинив лично на целото семејство вечерва. Бев 3-4 пати провоциран на патот, додека ме сликаа, затоа изгубив контрола. Немам оправдување. Се извинувам“, напиша Карагер на Твитер.

Слични содржини