Каракачанов: ФК Вардар во 1942 година бил шампион на Бугарија

од Vladimir Zorba
401 прегледи

Вицепремиерот и министер за одбрана во Бугарската влада Красимир Каракачанов во неговото последно интервју дадено за Бугарската национална телевизија (БНТ) истакна дека ФК Вардар Скопје во 1942-1943 година бил шампион во Царството на Бугарија, односно бил бугарски фудбалски шампион.

„Извинете, но таа година, Вардар Скопје е шампион на Царство Бугарија, 43-та или 42-та Вардар Скопје е шампион на Бугарија“ тврди Каракачанов.

Инаку, фудбалскиот клуб Вардар е формиран на 22 јули во 1947 година по фузијата на две спортски друштва, Македонија и Победа, со цел Скопје да добие спортски колектив кој масовно ќе го промовира и ќе го развива спортот.

Она што го зборуваше Каракачанов во интервјуто всушност се однесуваше на фудбалскиот клуб Македонија, односно за натпреварот со Левски.

Слични содржини