Каракачанов им го честита 3 март на Бугарите во Македонија: “Политичарите во Скопје сакаат да го заборават”

Бугарскиот вицепремиер и министер во тамошната влада, Красимир Каракачанов, го честиташе Националниот празник на Бугарија во која се осврна и на Бугарите  во Македонија и оние кои потекнуваат од родниот град на македонскиот премиер, Зоран Заев.
„Трети март е прослава на националниот празник на Бугарија. На идеалот на Санстефанска Бугарија – обединувањето на сите Бугари во една држава. Санстефанска Бугарија е идеал. Ова е празник, кој е симбол на генерации Бугари“, посочи Каракачанов.
Тој потсети и на тоа дека со прославувањето на овој празник, предците го спровеле Единството и се бореле во ослободителните војни.
„Да бидеме горди Бугари и да го имаме нашиот национален идеал“, истакна Каракачанов и додаде:
„Пред 143 години. Бугарите кои се бореа на Шипка ја замислија слободата како создавање на држава. Меѓу нив имаше стотици Бугари од Македонија, меѓу кои и милитанти од родниот град на актуелниот македонски премиер. И покрај обидите на политичарите во Скопје да го заборават овој ден.
Од утрово добивам текстови со  честитки за националниот празник од Бугарите во Македонија. Го користам националниот воздух на сите сонародници да им го честитам 3 март, не само на оние што живеат во Бугарија, туку и на оние во Македонија и ширум светот“, се вели во објавата на Каракачанов.

Слични содржини