Каракачанов: Каде никаквеците од Стејт Депарментот видоа македонско малцинство во Бугарија?

од Nikola Popovski
837 прегледи

„Тие ја гледаат Бугарија како Занзибар, не ги знаат проблемите и пишуваат така. Дозволете ми да ги прашам овие никаквеци во американскиот Стејт департмент каде видоа тие македонско малцинство? Тие разгледуваат некои извештаи од соросоидни организации и грантови на невладините организации кои се хранат да ја плукаат Бугарија“, изјавил за ПИК ТВ лидерот на ВМРО-БНД и бугарски вицепремиер, Красимир Каракачанов, критикувајќи ги главните точки на годишниот Американски извештај за состојбата со човековите права, пренесува „tribune.bg“.

Според него, членовите на „ОМО Илинден“ се платени во Скопје.

„Ова е платено „малцинство“, што сме принудени да го признаеме. Кои репресирани Македонци ги има во Бугарија?! Некои пишуваат извештаи, а јас им велам нека пишуваат што сакаат. Да видам САД нека претстават тексашко малцинство и малцинство од Аризона. Само што политиката е тука за да ги интегрира сите и да ги направи Американци“, вели бугарскиот министер за одбрана.

Во извештајот на Стејт Департментот за Бугарија пак се нотира дека Софија и натаму не дозволува регистрација на здруженијата на етничките Македонци, потенцирајќи ги дузината донесени пресуди во Стразбур за прекршување на правата за здружување.

Слични содржини