Каракачанов: Не е ли време како братски држави, да го чествуваме сеќавањето на Гоце Делчев во Баница?

од Берта Китинска
435 прегледи

„На денешна дата пред 117 години загина херојски Гоце Делчев. Тоа беше еден убав повод заедно со нашите браќа од Северна Македонија, како што е според Договорот за добрососедство, да го одбележиме заедно сеќавањето на Делчев. Се надевам, причината тоа да не се случи не е немањето желба на политичарите во Скопје, туку коронавирусот“, напиша лидерoт на ВМРО, министeр на одбрана и вицепремиер на Бугарија Красимир Каракачанов Каракачанов на својот профил на Фејсбук.

Во својот Фејсбук статус тој повика на заеднички активности за одбележување на датуми, каков што е 4 мај кога се одбележува годишнина од загинувањето на Гоце Делчев. Обраќајќи се на Македонија тој предлага пред Грција заеднички да се постави прашањето за поставување споменик на Гоце Делчев крај Баница, Серско.

„Не е ли време заедно, како братски држави, да го поставиме пред партнерска Грција прашањето за поставување споменик на Гоце Делчев и да го чествуваме сеќавањето на него заедно таму? А можеби таму во руините на селото Баница, каде што сѐ уште живее духот на Гоце Делчев, ќе ги најдеме мирот и просветлението што ги имаше тој“, напиша Каракачанов.

На днешната дата преди 117 години загина геройски Гоце Делчев. Край село Баница, Серско (днес в Гърция), Делчев влиза в…

Публикувахте от Красимир Каракачанов в Понеделник, 4 май 2020 г.

 

Слични содржини