Врзано за ветото кое Бугарија го даде за Северна Македонија во однос на почеток на преговори со ЕУ за влез во заедницата, денес Каракачанов, како и Захариева и Борисов беше сослушан од страна на бугарските пратеници.
„Нашата поддршка е безусловна“, истакна во своето излагање бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов.
Посочи дека дипломатите на Бугарија отсекогаш имале јасни ставови за тоа кои услови треба да бидат исполнети со цел да се даде позитивен став за преговарачката рамка.
„Треба да продолжат разговорите. Верувам дека половина од тука имате роднини на другата страна од границата, но ние треба да бидеме добронамерни, тоа не значи дека треба да бидеме и навини и глупави“, вели Каракачанов.
Бугарскиот вицепремиер потврди дека освен освие недоразбирања, блокадата следела и по говорот на омраза кој бил забележан на македонската страна.
„Под ваквиот став подразбираме промени во образованието, омраза во медиумите, како и натписите на плочите на спомениците, со еден збор да се не фалсификува историјата. Се прашувам зошто конечно нема рехабилитација во општеството по оние лица кои во 1944. година беа прогонувани и убивани, како и обештета на нивните семејства“, потенцираше Каракачанов.
Сепак, тој вели дека сега е се во рацете на Скопје. Вели дека доколку нашата земја престане со фалсификување на историјата, постои и онаа шанса во декември, во која можеме да добиеме зелено светло.