Каракачанов: Никој нема да си го дозволи луксузот да ја предаде историската вистина за Македонија

од Vladimir Zorba
344 прегледи

„Никој нема да си го дозволи луксузот да ја предаде историската вистина за Македонија. Нема начин да се избрише половина од бугарската историја со лажни аргументи“, изјави лидерот на ВМРО, Красимир Каракачанов, вицепремиерот и министер за одбрана во оставка на Бугарија.

Тој не верува дека позицијата на Бугарија кон Северна Македонија ќе се промени по парламентарните избори, како што се очекуваше кај дел од политичката елита во Скопје.

„Никој нема да си го дозволи луксузот да ја предаде историската вистина за Македонија. Не сакаме многу. Сакаме една работа. Сегашните политичари во Македонија треба да престанат да ги вознемируваат оние луѓе кои имаат бугарски национален идентитет, да престанат да влеваат омраза преку образованието, медиумите, преку целата политика кон Бугарите и Бугарија, да престанат да ја фалсификуваат бугарската историја. Ние не го негираме правото на секој да се нарекува како што сака. Вие имате право да се нарекувате антички Македонец, но немате право да ја фалсификувате вистинската историја на Македонија, бидејќи Македонија како географски регион направи многу повеќе за Бугарија отколку Мизија, Тракија и Добруџа. Нема начин да се избрише половина од бугарската историја со лажни аргументи. Ние нема да го дозволиме тоа. Не верувам дека постои бугарски политичар кој може да изврши такво национално предавство“, нагласи Каракачанов.

Тој предупреди дека ако нешто вакво започне да се случува, протестите од летото 2020 година ќе се сметаат за „сон на летната ноќ“.

„Јас сум најомразената личност за лажните македонски патриоти, кои со српските методи на анти-бугаризмот продолжуваат да ја држат во мрачната дупка на изолација Република Северна Македонија“, истакна Каракачанов.

„Омразен за оние, што ги мразат Бугарите. Не ги мразам, само ги сожалувам. Затоа што, како што рече големиот Македонец Паисиј Хилендарски: „О неразумни будали, зошто се срамите да се нарекувате Бугари? Тие не се виновни што се неписмени. Лошото е што не прават напори да ја научат вистината, само вистината те прави слободен човек“. Српско-комунистичката лага не те прави слободен Македонец. Тоа ве прави зависни од некои стари шеми и како што можете да видите денес, Македонија е најсиромашната земја во Европа“, додаде Каракачанов.

Тој истакна дека ВМРО не се предава или продава и тоа мора да го сфатат и разберат политичарите во Скопје.

„Говорот на омраза е една од причините зошто луѓето во РС Македонија не сакаат отворено да го изјаснуваат своето бугарско потекло. Омразата кон нив е всадена од медиумите, учебниците по историја, т.н. интелектуалци. Во Северна Македонија може да си дури и Марсовец, но не Бугарин“, рече Каракачанов, коментирајќи зошто премалку луѓе во Македонија гласале на парламентарните избори во Бугарија на 4 април.

„Луѓето кои бараа да се отворат избирачките места, за да гласаат, беа викнати во полиција. Во еден од градовите каде што имаше избирачко место, цивилната полиција враќаше луѓе. Стравот е главната причина. А овие луѓе кои се плашеа да гласаат, гласаат за ВМРО. Ова е индикативно што ќе се случеше ако Македонија беше релативно слободна и демократска држава“, рече Каракачанов, заблагодарувајќи им се на сите што го поддржаа од Македонија.

Слични содржини