Каракачанов: Петков се уште подготвува чин на национално предавство за спорот со С. Македонија

од Nikola Popovski
249 прегледи

Апсолутно нема да има смисла да се свика Консултативниот совет за национална безбедност за Северна Македонија, бидејќи она што го зеде како општо мислење на 10 јануари оваа година беше ставот на претходната влада во 2019 година, вели поранешниот бугарски вицепремиер и актуелен почесен претседател на ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов.

Според него, „премиерот Кирил Петков во овие четири месеци не направи ништо за да ја одбрани бугарската позиција“.

-Тој на секој можен начин се обиде да ја смени бугарската позиција, да го заобиколи јавното мислење во Бугарија, бидејќи има преземено одредени обврски и кога велам дека има преземено некакви обврски, тоа е негова изјава до коалициониот совет. На кого му ветил политичарот кој се заколнал на бугарскиот устав во Народното собрание, не знам, но факт е дека владата, како што вели министерката за надворешни работи Генчовска, има две политики. Едната е онаа на Кирил Петков и неколкумина негови советници, кои се обидоа да го заобиколат бугарскиот национален интерес и сè уште подготвуваат чин што е национално предавство. Ова е вистината, изјавил Каракачанов, пренесува „БНР“.

Слични содржини