Претседателот на бугарската ВМРО-БНД и познат негатор на македонскиот идентитет Красимир Каракачанов во ТВ -емисија истакна дека нема ништо случајно во изјавата на Сергеј Лавров. Тој потсети на вековните обиди на најголемата држава да се пробие во Европа со контролирање на политиката на Балканот. Во почетокот на 90-тите години на 20 век, таа се покажала како слаба и неспособна да се справи со тоа. “Сега овој потег на Лавров е еден обид Русија повторно да се врати на Балканот како главен политички фактор”, смета тој.
“Ова е еден нечесен политички потег. Во својата политика на Балканот во 19 и 20 век Русија е државата, која е протурка идејата за поделба на Македонија. Тоа е вистината. Русија беше државата ккоја ја принуди бугарската влада и бугарскиот кнез Фердинанд во 1902 година да започне зближување со Србија, врз основа на поделба на Македонија. Русите беа оние кои ја принудија Бугарија да се согласи во Скопје да има српски владика, без да има еден Србин таму кога Македонија беше под турска власт. Руската дипломатија беше онаа која вршеше притисок турската власт да промаши и да создава српски, грчки училишта и грчки цркви. Во 1911 година рускиот император беше оној кој ја принуди бугарската влада на Иван Евстатиев Гешов да потпише договор со Србија за поделба на Македонија. И тоа беше основната грешка на бугарската политика во последните 120-130 години “, објасни Каракачанов, кој е и историчар.
“Сега Лавров рика за тоа дека некој сака да ја дели Македонија? Откако во својата политика еден пат Бугарија се излажала на оваа тема и тоа под руски притисок, по што рускиот император не си ја исполни заложбата да биде арбитер меѓу Бугарија и Србија и Србија завладеа цела Вардарска Македонија “, изјави лидерот на ВМРО.
