Каракачанов: Промената на односите со Скопје е национално предавство

од Vladimir Zorba
300 прегледи

Во сегашната ситуација, промената на правецот кон Македонија ќе биде национално предавство! Без јасно признавање на бугарските корени, бугарскиот идентитет и јазикот на населението во минатото, Бугарија нема право на попусти. Овој категоричен став на Фејсбук го искажа претседателот на ВМРО, Красимир Каракачанов по повод претстојните средби на претседателот Радев со европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји и португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Силва.

Тој е категоричен дека ниту еден нов „креативен“ предлог кој не ги исполнува секоја од точките на Рамковната позиција на Бугарија од ноември 2019 година, поддржан со Декларација на Националното собрание, не може и не треба да биде прифатен. „Ниту една еднострана декларација или ветување од Скопје кои не се обврзани со јасни механизми за следење, спроведување и санкции не треба да бидат вметнати во самата рамка за преговори. Затоа, тие не можат и не треба да бидат прифатени“.

Според него, без јасно признавање од страна на Скопје на бугарските корени, бугарскиот идентитет и јазикот на населението во Македонија во минатото, не може да има промена во бугарската позиција. Без непосреден прекин на негативната кампања на Скопје против Бугарија и вознемирување на лица со бугарски идентитет, не може да има промена во бугарската позиција,истакна екс министерот за одбрана.

„Не се бугарските политичари, туку бугарскиот народ, кој никогаш нема да дозволи некој да продолжи да се потсмева на неговата историја и споменот на нашите предци, кои ги дадоа своите животи за бугарштината во Македонија и за за тоа Бугарија да ја има и да опстои. Веќе 128 години, ВМРО е првиот и неотповиклив столб на бугарштината. Ова ќе остане и во иднина! Не може да има компромис со лаги и измами“, заклучи лидерот на ВМРО.

Слични содржини