752
Контроверзниот политичар и поранешен бугарски министер, Красимир Каракачанов објави на социјалните мрежи дека станал дедо.
-Станав дедо на малиот херој кој ќе го носи легендарното историско име Георги Николов Делчев. Истото име го носи и големиот војвода Георги (Гоце) Делчев.
Дури и на скопските манипулатори веќе треба да им биде јасно чиј е Гоце Делчев!
На малиот Георги му посакувам здравје, сила и храброст!, стои во објавата на Каракачанов.