Каракачанов тврди дека не добил забрана за влез во Македонија

од Nikola Popovski
158 прегледи

Нема забрана за патување во Македонија. Ова го изјавил поранешниот претседател на бугарската ВМРО-БНД и поранешен министер Красимир Каракачанов во интервју за „Радио Благоевград“.

Тој ги коментирал последните случувања на релација Скопје-Софија.

-Веројатно во главниот град на нашите западни соседи сфаќаат дека не постои начин да им се забрани на двајца европратеници да ја посетат оваа земја во време кога Северна Македонија сака да започне преговори за членство во Европската Унија, а тука зборуваме за почесен претседавач на партија и на лидери на невладини организации, рекол Каракачанов.

Според него, не се почитуваат барањата од потпишаниот договор за добрососедство меѓу двете земји.

-Доказ за тоа се нападите врз културните клубови во Битола и Охрид, а во последната недела и претепувањето на секретарот на клубот во Охрид, Христијан Пендиков. Прилично непријатен впечаток оставија изјавите на претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Отстапките што ги направи бугарскиот парламент со отстранувањето на ветото за почеток на преговорите на Северна Македонија беа сфатени како знак на слабост на бугарската страна, вака Каракачанов ги коментирал настаните во интервјуто.

Слични содржини