Карактеристиките на Redmi K20 ги зголемуваат очекувањата кон уредот

од Vlatko K
107 прегледи

Xiaomi има големи планови за својот бренд Redmi, а веќе дознаваме дека параметрите на
претстојниот Redmi K20 се подеднакво импресивни, како и резултатот на телефонот во AnTuTu.


Барем на хартија, Redmi K20 го оправдува прекарот „убиец на предводници“ и конфигурацијата му
започнува од огромен 6.39-инчен OLED дисплеј со 1080р + резолуција и 19.5: 9 сооднос на екранот.

Селфи камерата е со „скокачки“ 20 МР сензор со широка бленда, а задната камера се состои од 48
МР сензор, дополнет од 13 МР и 8 МР такви. Првиот ќе биде главен, а останатите соодветно се за
ултраширока и телефото камера.

За тоа Redmi K20 да не ви остави во движење, ќе се погрижи 4.000 mAh батерија со брзо полнење.
Redmi K20 се напојува од актуелниот Snapdrаgоn 855, дополнет од графички чип Adreno 640.
Количеството RAM меморија не е споменато, но се знае дека таа е LPDDR4X. Локацијата за
складирање е UFS2.1.

Се уште околу Redmi K20 има некои прашалници, како тоа дали скенерот за отпечатоци ќе биде
вграден во екранот или ќе остане на грбот. Ако неговата цена е слична на Xiaomi Pocophone F1,
сензорот најверојатно ќе биде традиционален за да се намалат трошоците.

Redmi K20 практично се пласира како наследник на Pocophone F1 и како таков ќе биде еден од
најевтините телефони со Snapdragon 855. Очекуваме промоцијата да дојде наскоро, што ќе ни даде
уште еден потенцијален модел, ако сте решиле да го замените телефонот ова лето.