Министерството за здравство информира дека денеска на плоштадот во Куманово продолжуваат активностите од караванот за промоција на вакцинацијата против КОВИД, што се прави со поддршка од Светската здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ.
Од МЗ додаваат дека карванот утре е во Липково, на паркинг во село Матејче.
-Најголем процент на дневно вакцинирани лица во Липково се токму граѓаните над 60 години, информираат од ресорното министерство.
Согласно последниот ковид-пресек, регистрирани се нови 232 случаи на Ковид-19, од направени 2.787 тестови. Починале тројца, а оздравен е 221 пациент.